Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Холивудската звезда Бред Пит (46) размислува да влезе во политика и да се кандидира за претседател на Америка во 2016 година, по истекувањето на мандатот на Барак Обама.
Америка би можела да го добие и вториот актер на чело на земјата по Роналд Реган, кој во осумдесетите години имаше два мандати во Вашингтон. На популарниот Пит, адут во кампањата ќе му биде и подршката на поубавата половина -Анѓелина Џоли (34) со кој е во врска веќе 5 години и имаат 6 деца.
Како што пренесува порталот Холивуд њус, актерот има време до 2016 година да го поправи својот имиџ.
Бред прво ќе се кандидирал за Сенат и ако тоа помине без проблеми ќе се канидира за претседател во 2016.