Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Незаконска продажба на 10 фудбалери и поседување на 11 пиштоли без дозвола биле причина белградското обвинителството да подигне обвинение против Цеца Ражнатовиќ.
Како што пренесоа српските медиуми освен Цеца за продажба на 10 фудбалеи на ФК Обилиќ обвинението ја терети и нејзината сестра Лидија Величковиќ Оцокољиќ, а за продажба на 1 фудбалер обвинет е Драгиша Биниќ поранешен раководител на ФК Обилиќ а Јован Димитријевиќ обвинет е за помоагање при продажбата.
Според Вишото обвинителство во Блеград Аркановата вдовица и нејзината сестра со незаконската продажба на фудбалери од 14 август 2000 до 21 мај 2003 година заработиле 4.100.000 германски марки и 3.480.000 долари. Лидија Величковиќ е обвинета дека по налог на својата сестра отворила приватни сметки во повеќе банки на кои биле префлани пари од породажба на фудбалери.