Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ ќе мине една година во домашен притвор и треба да плати милион ипол евра парична казна,а нејзината сестра Лидија Величковиќ,доби шест месеци домашен притвор поради помагање, откако Судот го прифатил договорот меѓу обвинителството и пејачката.
Таа пред неколку месеци ја призна вината за илегалното присвојување пари од продажбата на 10 фудбалери ФК „Обилиќ“ и поседување 11 пиштоли без дозвола.
Фолк пејачката и нејзината сестра на судот се појавија во придружба на обезбедување.
Прифаќањето на спогодбата траело 15 минути и по завршувањето на рочиштето Светлана Ражњатовиќ го напуштила судот избегнувајќи ги прашањата на новинарите. Одлуката на Судот предизвика големи реакции во Србија.