Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Миленикот на женската публика, Здравко Чолиќ за 8 март ќе издаде нов албум кој ќе се вика „Погледни ме преку раме“ („Погледај ме преко рамена“). На албумот ќе се најдат тринаесет нумери, а насловната „Погледни ме преку раме“, музиката ја направил самиот Чолиќ, додека текстот е на Момчило Бајагиќ - Бајага.
Чолиќ компониран 11 песни, а за соработници одбрал проверена екипа меѓу кои се наоѓаат Марина Туцаковиќ, Горан Бреговиќ, Бора Ѓорѓевиќ и други. Медиумите пишуваат дека најдуховита песна е „Манијачи“, која ја пее во дует со Горан Бреговиќ.