Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во локалитетот Касапскиот круг вечерва настапува сараевската група „Црвена Јабука„. Почетокот е закажан во 21 часот
Кумановчани ќе уживаат во познатите хитови: „Некако с пролеќа„ , „Дирлија„, „Са твоијх усана„,„За све ове године„, „Узми ме кад хочеш ти„ и многу други.
Групата „Црвена Јабука„ е формирана во 1985 година во Сараево. Првиот настап им бил закажан во септември наредната година.На патот кон Мостар во тешка сообраќајна несреќа двајца членови загинале. По соземењето од големата трагедија групата продолжува да работи и снима шест албуми. За време на воените дејствија во БиХ, членовите се раселуваат во повеќе држави, по што се враќаат и продолжуваат да живеjат во Макарска.