Мени

Дали Цеца ќе избегне затвор?

09.05.2011 10:21 | KumanovoNews

 Судот во Белград денеска ќе го разгледува договорот на фолк пејачката Светлана Ражњатовиќ и Вишото обвинителство во Белград, по што ќе се знае дали се прифаќа или не

Дали Цеца ќе избегне затвор?

Фолк пејачката на почетокот на април се договорила со обвинителството да признае дека присвоила пари од трансфер на десет фудбалери на фудбалскиот клуб “Обилиќ“ во странски клубови и без дозвола чувала 11 пиштоли, во замена за една година домашен притвор и милион и пол евра парична казна.

Доколку судскиот совет го усвои договорот, на Ражњатовиќ и на нејзината сестра нема да им биде судено, туку ќе им биде изречена пресуда со казни во склад со договорот со Обвинителството.

По склучување на договорот, со наплатата на казната од еден и пол милион евра , државата ќе заработи три пати повеќе од износот за кој била оштетена.

Доколку Ражњатовиќ и нејзината сестра бидат осудени на домашен притвор, ќе мора во текот на издржување на казната да носат електронски алки, преку кои Управата за извршување на кривични санкции ќе го следат нивното движење.