Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фестивалот за деца „Детелинка„ ќе се одржи во петок на Градскиот плоштад. Организаторите го презакажаа фестивалчето, откако пред десетина дена неговото одржување го попречија лошите временски услови.
По откажувањето, почекавме времето да се стабилизира и ги направивме сите подготовки за фестивалчето што ќе биде едно посебно доживување за децата. Овој фестивал досега се одржал 5 пати и по пауза од 4 години, годинава повторно го обновуваме. На фестивалот ќе настапат 22 дечиња од Куманово, кои ќе пеат песнички на македонски, албански, српски, влашки и ромски јазик.Покрај настапувачите, ќе има и хорче, балетска група и затоа ги повикувам сите дечиња од градот и нивните родители да дојдат што помасовно-вели Жика Крстевски, раководител на секторот за култура.
Фестивалот е од ревијален карактер,го организира здружението на граѓани „ЛУК„, а покровител е градоначалникот и Советот на Општината Куманово.И овој настан е дел од Кумановското културно лето.
Почетокот е закажан во 20.30 часот.