Дивље Јагоде во Версај
28.07.2011 10:34
| KumanovoNews
Легендарната група Дивље Јагоде утревечер ќе гостува во клубот Версај во Куманово. Концертот ќе започне во 22.30 часот, а ќе трае до 01 часот по полноќ.

Ова е прво гостување во Македонија по 20 години.
Групата Дивље Јагоде постои од 1977, формирана е во Загреб.Станале познати во сите држави на бивша Југославија. Во текот на нивната кариера објавиле многубројни хитови и албуми. Картите се во предпродажба во кафе Корзо по цена од 200 ден.