Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ѓоко Танески со песната „Јас ја имам силата„ вечерва на првата вечер на Евросонг ќе пее 15-ти по ред од вкупно 17 изведувачи. Ѓоко ќе го придружува раперот Били Ѕвер и гитаристот Дамјан Пејчиноски, а на сцената ќе се најдат и Деана Николовска, придружен вокал, Јана Андреевиќ и Мартина Србиновска.
Само десет земји од првата полуфинална вечер ќе обезбедат влез во финалето, а новина на годинашниот избор е што за нив подеднакво ќе решаваат гласовите добиени од телевоутинг и од жирито. Гласањето на публиката ќе почне од почетокот на првата песна и ќе трае 15 минути по завршувањето на последната композиција. Стартот на Евросонг е во 21 часот, а Македонската вечер во рамките на предевровизиски активности чест ни е што е оценета како една од најуспешните.
Инаку, првото евровизиско полуфинале ќе го отвори Молдавија, по што следуваат: Русија, Естонија, Словачка...
Според новите правила, Србија и Белорусија имаа среќа да изберат позиција од која ќе настапат нивните претставници, и тие го избраа стартен број седум, односно 16. Последни првата полуфинална вечер ќе настапат претставниците на Исланд.