×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (22.6.2020)

    22.06.2020 06:48 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (22.6.2020)

    Овен

    Сакате да бидете успешни во тоа што ги работите, без разлика дали некој ве попречува или не. Некој од вашите соработници нема да може да не ја покаже завидливоста.

    Полека почнувате да ја губите довербата во вашиот партнер.

    Бик

    Иако сакате не можете да се сконцентрирате. Тоа допринесува да не можете навремено да си ги завршите обврските.

    Понекогаш знаете да направите нешто со кое изгледате смешно во очите на вашиот партнер, па затоа се чувствувате понесигурни.

    Близнаци

    Немате намера да направите некоја работа која не ви носи дополнителен приход. Само доколу некој ви понуди подобри услови, ќе сакате да направите компромис.

    Не се обидувајте да скриете некои работи од вашиот партнер кои се очигледни.

    Рак

    За она што сакате да го постигнете потребно ви е и дополнително знаење со кое ќе придонесете за остварување на целта. Не плашете се, никогаш не е доцна да се почне со учење.

    Кога станува збор за љубовта, одбивате да ја признаете сопствената вина.

    Лав

    Имате чувство дека некоја коцка ви недостасува за да го затворите полето на работата. Бидете спремни во наредниот период ве очекуваат поголеми обврски.

    Сами нема да останете затоа што вашата енергија ги привлекува луѓето околу вас.

    Девица

    Доколку имате некоја надоумица околу работата, тогаш пореално преиспитајте ја и не си дозволувајте исти грешки.

    Кога станува збор за вашите емоции, разберете дека ништо што е претерано не е добредојдено.

    Вага

    Денеска нема да бидете расположени за соработка со другите, но не затоа што сте умислени, туку зашто имате реални причини.

    Имате поразлични ставови за љубовта со вашиот партнер, иако вие сепак него го ставате во прв план.

    Шкорпија

    Иако другите ќе очекуваат и овој ден да тапкате во место, сепак вие ќе ја имате научено лекцијата и ќе продолжите понатаму.

    Имате чувство дека вашиот партнер одвреме навреме станува човек во кој не можете да имате доверба.

    Стрелец

    Заштитата којашто ја имавте деновиве, денес значително ќе ослабне. Меѓутоа, тоа е само мал дел од денот.

    Кога станува збор за љубовта, денес цел ден ќе ве прави карма. Размислете што имате направено.

    Јарец

    Иако сакате да напредувате сепак се наоѓате во ситуација каде имате огромен притисок од некоја личност во вашето опкружување.

    Денес нема да биде прв пат да се разочарате од саканата личност. Затоа ќе бидете со резерва, кога станува збор за подлабоко поврзување.

    Водолија

    Постојат одредени работи од кои мора да се откажете за да успеете во другото. Меѓутоа, вие сте веќе навикнати на тоа.

    Доколку се' уште сте сами не очајувајте затоа што ве очекува убав ден.

    Риби

    Во наредниот период финансиите нема да ви бидат проблем, меѓутоа ќе се борите за својата позиција на работата.

    Личноста којашто ја сакате може да е некој кој го слуша мислењето на другите, а со самото тоа да ви прави да се чувствувате неугодно. Поразговарајте за тоа со саканата личност.