Мени

Џеј Зи веќе има син

15.09.2011 12:11 | KumanovoNews

Кога Бијонсе на доделувањето на Мтв наградите откри дека е бремена, никој не е бил посреќен од Џеј Зи. Сепак медиумите тврдат дека тоа не е прво дете на познатиот рапер.

Џеј Зи веќе има син

Како пренесува магазинот „Стар“ познатиот рапер веќе има деветгодишен син со моделот Шанел Скот. Џерард Ендрју вели дека Малик Сајид е погрешно идентификуван, и дека ДНК анализата вели дека е син на Џеј Зи.

Изворот наведува дека Џеј Зи дал околу милион долари за издржување на детето и да не се разнесува приказната по медиумите.

Бионсе наводно знае за целиот случај, но подоцна ги прифатила фактите.