Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џони Дeп ќе ја толкува главната машка улога во филмската адаптација на популарната американска серија од 60-тите години на миниот век „Мрачни сенки“, чиј режисер ќе биде Тим Бартон
Американските медиуми проценуваат дека можеби светот ќе добие нов легендарен вампир со улогата на Дeп на Барнабас Колинс, кој ќе го засени младиот Роберт Патисон во филмот „Твајлајт“.
Во серијата, со која Дeп бил опседнат во своето детство, вампирот Барнабас Колинс трага по својата одамна загубена љубов. Дејството на серијата се случува во американската сојузна држава Мејн.
Дeп и Бартон досега работеа заедно на филмовите „Едвард Ножицоракиот“, „Свини Тод“ и „Алиса во земјата на чудата“.
Почетокот на снимањато на филмот „Мрачни сенки“ е придвидено за април 2011 година.
Дeп во моментов го снима четвртото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“.