Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ѕвездата на Јутјуб и реалното шоу „Фарма“, Екрем Јевриќ минатата недела е претепан во центарот на Сараево. Одкако излегол од болница, случајот го пријавил во полиција а причина за нападот биле нерасчистени долгови.
Според една од верзиите, Екрем бил пречекан на аеродром од двајца мажи кои со возилото завршиле во непознат правец, каде го претепале и оставиле сам.
Според друга верзија, бил пратен до станот на сестрата каде отишол по своите работи, па потоа и претепан. После тоа било јавено на неговото семејство дека е во болница каде бил цел крвав и во тешки повреди, но тоа не го спречило медицинскиот тим да се слика со него.
Јевриќ по излегувањето од болница, случајот го пријавил во полиција. Се претпоставува дека напаѓачите му се познати, а причина за нападот се нерасчистени долгови.
Бидејки Екрем е државјанин на САД, случајот е пријавен и во американскиот конзулат.