×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ели и Ники : Сакаме да ја соединиме Европа

    15.05.2011 11:58 | KumanovoNews

    Елдар Гасимови и Нигар Џамар, по познати како дуетот Ели и Ники кој вчера триумфира на „Евровизија“ не ја криеја својата радост и восхит поради големиот триумф.

    Ели и Ники : Сакаме да ја соединиме Европа

    Нивната песна „Running scared“ беше најдобра со вкупно 221 поен, а поддршка имаа и од голем број европски земји.

    Од првиот ден верувавме дека ќе победиме и затоа благодарам до сите кои гласаа и на кои им се допадна нашата песна - истакна Елдар на конференцијата која се одржала вчера по завршувањето на преносот на Евровизијата од Диселдорф.

    Пред само неколку месеци бев само домаќинка, а сега сум победничка на „Евровизија“, што беше мој најголем сон - рекла Нигар, која живее и работи во Лондон.

    На прашањето на новинарите што би сакале нивната победа да донесе на нивната земја и Европа, симпатичното дуо одговорило: „Сакаме да ја соединиме цела Европа со помош на нашата песна, бидејќи музиката не познава граници“.