Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По завршувањето на снимањето и ТВ-промоцијата на спотот за песната „Ич не ме боли“, во дует со Тони Зен, утре Елвир Мекиќ патува во Италија!
Имено, на покана на нашите иселеници во Италија, во сабота Елвир ќе пее за Македонците во Италија. Концертот ќе се одржи во Пијаченца, каде што живеат неколку илјади иселеници од Македонија.
Планирано е Елвир Мекиќ да ја посети и македонската амбасада, ден пред настапот, и лично да го покани македонскиот амбасадор во Италија да присуствува на концертот. По враќањето од Италија, Елвир продолжува со настапите низ Македонија и промовирање на албумот Како нов, пред домашната публика.