Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Познатата поп пеачка Ева Нединковска сними спот за Томато продукција. Спотот е веќе поставен на интернет и засега добро котира со посетеноста на нејзините обожаватели.
Мојата желба за оваа песна беше да имам едноставен и чист спот, кој ќе ја донесе емоцијата на песната во преден план. Томато продукција направија одлично сценарио кое се градеше врз идејата што ја носи текстот, една длабока и искрена љубовна приказна на двајца млади која на крај завршува - рече Ева.
Спотот се снимаше со филмска камера цели два дена, додека екипа од 50-тина луѓе работеше на реализацијата, за да на крај режисерот Васко Стојановски направи несекојдневна уметничка креација и спот кој се носи со највисоките стандарди. Да потсетиме - темата „Никогаш“ е авторско дело на самата Ева, додека аранжманот го направи Диран Тавитјан.