Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонските фолк пејачи Гоце Арнаудов и Милица Кузмановска со дувачкиот оркестар Дурмишеви и солистот Филип Стојановиќ на труба, утр вечер ќе пејат на Градскиот плоштад во Куманово по повод празникот на занетчиите Свети Спиридон.
Оваа година за првпат организираме ваква манифестација која сакаме да прерасне во традиција за прославување на денот на чевларите и сите други знаетчии кои работат во градот.Затоа ги повикуваме граѓаните да се вклучат во одбележувањето на празникот со организирана програма- вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.
Манифестацијата ја организира градоначалникот и Советот на Општината како подарок на големиот број на вработени во чевларската индустрија и останатите занати.