Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Холивудската глумица Хали Бери(44) е прогласена за најсексепилна мама на светот по избор на читателите на интернет порталот Аксмен.
Следна е Моника Белучи(46) и Кејт Бекинсејл (37), а вистинско изненадување претставува што на листата на десет најсенксепилни се нашла Анџелина Џоли.
Убавицата Бери ја има ќеркичката Нала од врската со канадскиот манекен Габриел Обрием. Во моментално е во центарот на вниманието поради романсата со францускиот колега Оливие Мартинез. Италијанската глумица Моника Белучи која често е прогласувана за најубава жена на светот, неодамна ја родила својата втора ќерка во баркот со познатиот француски глумец Винсент Касел. Третата на листата Кејт Бекинсејл имаа единаесет годишна ќерка.
Неодоливата Џесика Алба е на четврто место, а нејзините слики со ќеркичката се често на насловните старни на познатите магазинаи. Латино убавицата Селма Хајак ја завзема петата позиција, Софија Вергар е на шестото место, а потоа следи Мила Јововиќ која во бракот со режисерот Пол Андерсон има девојче кое се вика Евер Габо. На листата на десет супер мајки се нашла и Хајди Клум.