Хју Хефнер во реклама за „Баварија“ пиво
11.07.2011 12:16
| KumanovoNews
Хју Хефнер е главна ѕвезда во новата реклама за холандското пиво „Баварија“.

Новата телевизиска реклама, во која се појавува Хју е снимена во неговата Плејбој вила. Рекламата го покажува Хефнер кој уморен од забавата со неговите зајачици, влегува во таен бар за да испие пиво.
Во предходните реклами на „Баварија“ играа Марадона, Дон Џонсон и Мики Рурк.