Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шерон Стоун, Арнолд Шварценегер, Голди Хоун, Мила Јововиќ биле гости на гламурозната роденденска прослава на поранешниот советски водач Михаил Горбачов. Забавата била организирана во Ројал Алберт Хол во Лондон.
Забавата ја водела Шерон Стоун заедно со Кевин Спејси, а во музичкиот дел настапиле Брајан Фери, Кетрин Џенкинс, Мел Си и Лондонски синфониски оркестар. Мила Јововиќ имала мала незгода кога од чипканиот фустан и испаднале градите. Меѓу гостите бил и израелскиот претседател Шимон Перес, Фабио Капело, Пол Енка.
На ВИП прославата Горбачов бил придружуван од својата ќерка Ирина Вирганска и нејзиниот сопруг Андреј. На роденденот присуствувале и неговите внуки Ксенија И Анастасија.