И Џастин Тимберлејк доби видео покана за љубовен состанок
14.07.2011 12:40
| KumanovoNews
Одкако актерката Мила Кунис под притисок на Џастин Тимберлејк се согласи да излезе на војниот бал со американскиот војник Скот Мур, Џастин доби ист таков.

Тимберлејк доби покана од наредничката Кисли Де Сантис.
Кога веќе ја охрабри Мила да излезе со Скот, тогаш и ти сигурно ќе сакаш да излезеш со мене. Ајде Џастин - изјави во својата видео порака рускосата наредничка.
Додека ја наговараше Мила, веројатно не ни слутеше дека тој ќе биде нова „жртва“. Преостанува да видиме дали партнерите од филмот „Friends With Benefits“ ќе ја прифатат поканата од непознатите личности и ќе бидат присутни на 18.ноември во Гринфилд.