Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската Радио Телевизија на 26 февруари во Универзална сала ќе го организира Фестивалот Скопје 2011, каде ќе биде избран претставникот за песна на Евровизија.
На фестивалот ќе земат учество вкупно 20 композиции и исто толку изведувачи. На конкурсот пристигнале 88 композиции од кои се избрани 20.
Во наредните неколку денови следува средба со авторските тимови на која ќе се прецизираат сите детали околу учеството на фестивалот, како и избор на пејачите. МРТ го задржува правото да направи замена на некоја од примените композиции со следната највисоко рангирана, доколку се востанови дека истата од објективни причини не може да учествува на фестивалот.
Музичката манифестација - Евросонг, оваа година ќе се одржи во Дизелдорф, Германија. Веќе е познато дека Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 12 мај, со надеж за пласман и во големото финале закажано за 14 мај.