Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поп-дивата Калиопи најавува два концертни , на кои ќе и се претстави на публиката во Загреб и во Зеница.
На 24 март, во Ватрослав Лисински во Загреб, Калиопи ќе настапи како специјален гостин на концертот на хрватската етно-група „Езерки“.
Калиопи и „Езерки“ ќе го изведат дуетот со Раде Шербеџија Кажи, кажи либе Стано, кој се најде на нивниот најнов албум Мустра, а Калиопи ќе го изведе и нејзиниот мегахит Бато.
На 26 март, во Босанскиот Народен Театар во Зеница, Калиопи и Един Карамазов ќе одржат голем концерт на кој ќе го претстават актуелниот албум Oblivion.
Концертот ќе се одржи во рамките на 15-тата Меѓународна културна манифестација Зеничка пролет 2010.