Клаудија Шифер го прослави 40 роденден со 40 насловници
19.10.2010 15:44
| KumanovoNews
Германската супермоделка Клаудија Шифер го прослави влегувањето во четвртата деценија со сликање на 40 насловници за Зеит магазинот кој исто така слави 40 години излегување. Шифер ги снимила изданијата за месец ноември.

Оваа сексепилна мајка во мај го роди своето трето дете, а за потребите на снимањето се претворила во хипи девојка, рокерка и дива од осумдесетите години.
Уредникот размислувал како да го обележи роденденот на магазинот, а со оглед на тоа дека и супермоделот наскоро го слави 40 роденден изборот паднал на неа.
Снимањето се одржало во Лондон и траeло два дена.