Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џорџ Клуни ја преболи Италијанката Елизабета Каналис и сега повторно е вљубен во поранешна борачка.
Холивудскиот актер наводно станува се поинтимен со поранешната WWE ѕвезда и натпреварувачка во Dancing with the Stars Стејси Киблер. Според американските таблоиди Клуни неодамна ја однел девојката во Италија за да уживаат во неговата вила на езерото Комо.
За време на романтичното патување, 31-годишната Стејси на својот Twitter профил напиша „Во рај сум“.
Според неименувани извори, Клуни и Стејси се запознале преку заеднички пријател. И двајцата одлично се забавуваат и не сакаат некоја посериозна врска.
Имаат многу заеднички пријатели и се движат во исти кругови. Тој ужива во друштвото на Стејси, но тој штотуку излезе од двегодишна врска. Џорџ не е подготвен за сериозна врска. Тие само се забавуваат и муваат, вели изворот.