Компјутерски вирус „спакуван“ како вест за смрта на Чарли Шин
14.07.2011 12:30
| KumanovoNews
На Твитер и Фесјсбук овие денови се појави вест за наводна смрт на Чарли Шин, што претставува компјутерски вирус.

На поедини Твитер и Фесјбук профили, имаше линк на вест која почнува со „RIP“, а зборува за наводната смрт на познатиот актер.
Линкот води до лажна „Јутјуб“ страна, од која се активира вирусот.
На овие гласини реагираше и самиот глумец, кој на својот Твитер профил напиша: „Долго спиев, но прилично сум жив“.