Концерт на Ивана Андоновска Свилар
09.07.2010 14:11
| KumanovoNews
Утревечер со почеток во 19.30 часот во салата на Театар концерт ќе одржи Ивана Андоновска Свилар – мецосопран во придружба на Марко Митковски – пијано.

Андоновска-Свилар е магистер по соло пеење.
Од 2007 година таа работи како наставник по музичко образование и професор по музичка уметност во музичкото училиште “Панче Пешев” во Куманово. Досега има настапувано во земјава и странство.