Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Британската агенција за заштита на децата инсистира популарната онлајн мрежа, Facebook, да воведе „копче за паника“. Здружението за заштита на децата го критикуваше FB и околу приватноста на корисниците.
Од една таква организација, сметаат дека треба итно да се размисли и да се воведат промени во функционирањето на мрежата, откако еден маж убил тинејџерка што се запознале на Facebook.
Од Facebook изјавиле дека проблемот го сфатиле сериозно и го поздравиле состанокот .На состанок во Вашингтон биле на чекор до договор со Facebook, но тогаш не биле договорени сите точки. Facebook порано не прифаќал да постави „копче за паника“ на главната страница, но ветил дека ќе ги подобри целиот систем. Останува да видиме што ќе се случи по новиот состанок и дали популарната страница ќе ги послуша здруженијата за заштита на децата.
Ако водите систем кој ги охрабрува корисниците да ја посетуваат вашата страница со цел да продавате реклами, тогаш морате да се грижите за нив, изјавиле организаторите на барањето.