Мени

Кошаркарот Ѓорѓевиќ поголем фраер од Јоксимовиќ

24.03.2011 14:43 | KumanovoNews

 Српскиот кошаркар Александар Ѓорѓевиќ е причина за распадот на тригодишната врска помеѓу Жељко Јоксимовиќ и Јована Јанковиќ.

Кошаркарот Ѓорѓевиќ поголем фраер од Јоксимовиќ

Поранешниот кошаркар и атрактивната водителка веќе извесно време биле во тајна врска. Како што пренесуваат српските медиуми Ѓорѓевиќ во февруари ја напуштил својата сопруга Александра со која 15 години бил во брак и во кој ги добиле двете ќерки Тера и Теса. Додека Јована ги негира новонастанатите случувања,  Жељко не само од животот својата поранешна девојка ја избришал и од фејсбук.