×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ксенија Пајчин и нејзиното момче најдени мртви

    17.03.2010 11:34 | KumanovoNews

    Познатата српска пејачка Ксенија Пајчин (33) и нејзинотo момче,црногорскиот манекен Филип Каписода (23), синоќа биле пронајдени мртви во нивниот стан во Вождовац - Србија. Првите полициски испитувања покажале дека најверојатно, Филип прво ја убил Ксенија, а потоа се самоубил.

    Ксенија Пајчин и нејзиното момче најдени мртви

    Како што јавуваат српските медиуми, мотивот за овој страшен чин најверојатно била љубомора. Телата на убиените ги пронашла мајката на Ксенија, Љубица околу 19 часот влегла во станот и била затечена од стравичниот призор. Инаку нивната врска е позната и по честите раскинувања и караници и преку весниците, но како што дознаваме Филип веќе во последно време станал патолошки љубоморен, а тоа резултирало со постојани караници и раскинувања. Филип кај Ксенија дошол во недела, но полицијата изјавила дека ноќта помеѓу неделата и понеделникот морала да интервенира, бидејќи тие двајца се истепале. Се претпоставува дека несреќата се случила ноќта помеќу понеделникот и вторникот, а мајка и на Ксенија Љубица дошла во станот бидејки не се јавувала цел ден на телефон. Инаку тие минатата година во јануари имаа сообраќјна несреќа во која што од автомобилот не останало ништо, а тие беа потешко повредени.