Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дијана Петрушевска (16) од Куманово е избрана за девојка со најубаво лице на изборот за зимска убавица што се одржа во Маврово во рамките на караванот за изборот за зимска убавица на Македонија 2010.
Финалето за изборот на зимска убавица ќе се одржи на 25 март во „Клубот 69„ во Скопје на кој ќе се натпреваруваат 12 девојки.
Конкуренцијата е силна затоа што сите девојки се убави, но искрено се надевам дека ќе бидам една од оние што ќе бидат наградени во финалето. Јас сум единствена натпреварувачка од Куманово - рече Дијана.
Победничката ќе ја претставува нашата држава на Изборот за Мис бикини интернационал 2010, кој ќе се одржи во ШангаЈ,Кина, за кој модното студио Црнокрак ја поседува лиценцата.
Дијана е ученичка во втора година во гимназијата „Гоце Делчев„ и веќе две години се занимава со манекенство, како член на модното студио Црнокрак.
Таа е висока 176 сантиметри и по втор пат се натпреварува на избор за убавица. Минатата година ја освоила наградата miss facе на изборот за летна убавица.
А.Илиќ