Мени

KuRiders во нов состав

13.06.2010 11:54 | KumanovoNews

Дарко Трајковски вокал, Милош Краљевски, Александар Краљевски и Данило Секулиќ се новиот официјален состaв на рок групата "KuRiders" од Куманово.

KuRiders во нов состав

Ние како група постоиме повеќе од три години, но досега се менуваше нашето членство од најразличи причини. Ова е нашиот официјален состав кој  ќе  функционира во иднина. Подготвени сме да се посветиме целосно на нашето промовирање во јавноста и покрај тоа што сме свесни  дека тоа ќе бара  одредени одрекнувања.  Љубовта кон музиката не одржува, таа е наше секојдневие, наш мотив и инспирација. Сега буквално сме „затворени“ во подрумот, каде што случувањата околу нас,нашата преокупација и тоа што го чувствуваме и носиме во себе го преточуваме во музика, текст и така емоционално празнејќи, го подготвуваме нашиот прв авторски албум - велат членовите на групата.

„KuRiders“ досега настапувале на Стрит фестивалот, во клубот „SAX“, и „Клубот на хрватски музичари“ во кои настапувале многу познати ѕвезди од светски рамки со најразлични стилови и жанрови на музика.

Чест ни е да кажеме дека се започна од овој настан. Концертот на кој се претставивме пред хрватската публика беше авторски концерт и вистинска журка за сите присутни, меѓу кои имаше и многу професионални музичари и продуценти. Добивме многу позитивни критики, а и понуда од продуцентот Рејхан Окановиќ (гитарист во групата Пропаганда) за да го снимиме нашиот прв албум-велат музичарите.

Несакајќи да откриваат за песните, "KuRiders" најавиа  дека на него ќе гостува една хрватска ѕвезда, но се надеваат и дека ќе направат  преработка на песна од групата „Леб и сол“.

Членовите на групата се млади музичари на кои приоритет во животот им е музиката и рокенролот, и им  предстои блескава музичка карира.