Лејди Гага подари милион долари за бездомниците во Њујорк
        28.04.2011 12:43
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Пејачката Лејди Гага се изјаснила дека сака да подари милион долари на младите кои немаат кров над главата.
 
                  Таа сеуште не одлучила на која организација да им ја уплати сумата, па им предложила на своите фанови на ФБ да гласаат од неколку понудени. Резултатите ќе бидат објавени на хуманитарен концерт на 9 мај.
Гага изјавила дека е пресреќана што може да помогне за луѓето кои живејат во нејзиниот град, кои и помогнал да се изгради како уметник.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



