Мени

„Макденс„ на 11 јуни

27.05.2010 14:28 | KumanovoNews

 Фестивалот за модерен балет "Макденс 2010" годинава по 17-ти пат ќе се одржи на 11 јуни во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ во Куманово.

„Макденс„ на 11 јуни

 Овој фестивал е од отворен карактер и право на учество имаат сите групи и поединци кои работат во Македонија, како иституции или пак како самостојни субјекти. Фестивалот ќе се реализира во две старосни категории до 12 и над 12 години,а ќе учествуваат  14 изведувачи. Заинтересираните субјекти можат да достават видео материјал за учество до центарот најдоцна до 4 јуни.