Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тереза Скенлан( 17) стана најмладата победничка во историјата на овој избор, откако минатата недела била прогласена за Мис Америка во Лас Вегас.
Тереза ги освои членовите на жирито откако покажа дека е одлична пијанистка и откако прошета по сцената по црн костим за капење и бела вечерна тоалета. Нејзиниот став во однос на Wikileaks, т.е. дека безбедноста треба да биде секогаш пред правото на јавноста за пристап до владини информации, сигурно ѝ обезбеди дополнителни поени. Убавицата освен што ја доби тијарата од минатогодишната победничка Кареса Камерон, освои и награда од 50 000 долари.
Од 53 девојки кои учествувале на изборот, за прва придружничка била прогласена мис Арканзас, Алис Иди, а вниманието кон себе го свртела и мис Делавер, Кајла Мартел, која дошла до полуфиналето, иако пати од болест поради која и испаднала косата, а на пистата носела перика.
Главната задача на новата победничка ќе биде да им ги објасни последиците од пореметувањето во исхраната на младите девојки во САД.