Мис на Норвешка фаворитка за победа
28.10.2010 15:34
| KumanovoNews
Неколку дена пред изборот на мис на светот кој ќе се одржи на 30 октомври во кинескиот град Сања, по проценка на кладилниците „Вилијам Хил“ најголеми шанси за победа има представничката на Норвешка, Мериен Биркедал со коефициент 2,25.

Во најтесен круг на фаворити се наоѓаат и Порториканката Јара Ласанта и Американката Александриа Милс чиј коефициент е 7.
Во првобитните проценки на кладилниците, кога фаворитки беа претставничките на Бразил, Колумбија и Индија, последните десетина дена драстично се промени редоследот на фаворитките, а во прв план изби Норвежанката.