Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ваков настап немал ни Џим Морисон - изјавил Моби гледајки ја Вајнхаус како се обидува да испее нешто пред збеснатата публика на Калемегдан.
Музичарот кој својот настап го започна со песната „Rehab“ на своите фанови на Твитер изрази загрижување за здравјето на пејачката.
Не ја познавам Ејми, но искрено се надевам дека некој кој и е близок може да и најде помош. Ова е тажно - напиша на твитер Моби.
Сите кои присуствуваа на контертот на Ејми очекуваа скандал, но не во ваков размер.
Во животот не сум видел ништо слично. Прво помислив дека тоа е дел од нејзиниот сценски настап, нејзината аура, дел од имиџот, па дека после 20 минути ќе почне сериозно да пее. Но кога после половина час ништо не се смени, не можев да верувам. Јадна девојка. Одеднаш се стана реалити шоу, кое те влече да продолжиш да гледаш - изјави водителот Зоран Кесиќ кој бил на концертот.
Организаторите ја виделе пејачката само кога се качила на сцена и не знаат од каде и е алкохолот или дрогата, под чие дејство пејачката беше.
Се организира нејзиниот менаџмент. Одкако стигна во Белград не можевме да и се доближиме. Поради природата на договорот неможевме да влијаеме на нејзиниот настап, што ќе свири, пее и колку тоа ќе трае. Сакавме да ја видиме во Белград иако знаевме дека оваа што се случи е возможно - изјави Сагор Мешковиќ.
Ејми веднаш го напуштила Белград после настапот. Единствена светла точка во нејзиниот настап е бендот кој работи со неа, кои поради својата професионалност ги освоија симпатиите на присутните гледачи на Калемегдан. Најверојатно веќе нема да соработуваат со Ејми Вајнхаус.