Мени

На Плоштадот разновидна програма за Нова година

30.12.2010 14:06 | KumanovoNews

 Наум Петревски, Зуица Лазова, Дани Димитровска и Влатко Илиевски  утревечер ќе ги веселат кумановци во најлудата ноќ на Градскиот плоштад во Куманово.

На Плоштадот разновидна програма за Нова година

Програмата ќе започне во 21.30 часот со настапот на кумановските ѕвезди Маргица Анревска, Боби и Нино, групата Мак и дувачкиот оркестар Дурмишеви.Потоа следуваат блокови од албанската пејачка Моника, Зуица, Наум, Дани и Влатко. Пред полноќ е предвидено одбројувањето да го направат Зуица и Наум, со градоначалникот кој ќе им ја четита Новата година на граѓаните. Ќе следува и голем огномет, по што журката ќе продолжи до два часот по полноќ- вели Жика Крстевски раководител во Секторот за култура.

Организаторите ги покануваат граѓаните помасовно да излезат на плоштадот да ја прослават најлудата ноќ.