×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наум доаѓа на масажа во Куманово

    18.05.2011 10:28 | KumanovoNews

     Фолк-ѕвездата Наум Петрески ослабе шест килограми пред концертот по повод 25 години кариера, кој ќе се одржи во петок во скопската Универзална сала во 20 часот.

    Наум доаѓа на масажа во Куманово

    Наум патува до Куманово и се релаксира со масажи и со халотерапија во солена соба. Фолк пејачот е решен да ја подобри психо-физичката кондиција, и да се опушти пред големиот настан, па не му е тешко два пати неделно да оди во Куманово и покрај големиот број обврски пред роденденскиот концерт.

    "Сопственичката на спа центарот е моја пријателка, одличен нутриционист и голем познавач на здравата исхрана и затоа редовно доаѓам тука. Сега пред концертот престојот во солената соба и масажите ги интензивирав затоа што овој период ми е стресен и со многу обврски, и треба да се издржи. Третманите овде не се само релаксација, туку пред се здравје. Денеска ќе правам дренажа за лимфните патишта, бидејќи тоа му е потребно на секој пејач што го напрегнува и оптеретува гласот. Солената соба е исклучително корисна за секој организам, бидејќи еден час заменува 4 дена престој на море. Јас кога ќе дојдам во Куманово, престојувам по два часа, а тоа е исто како да сум бил осум дена на море", ни рече Петрески.

    По завршувањето на третманите, заедно со неговиот пријател Нино Величковски завршија во една позната кумановска кафеана за да се договарат за детали на концертот кој го организира "Аворд" продукција. Наум открива дека подготовките за концертот одат одлично, и дека неговиот последен албум "Оди ѕвездо" ќе го промовира и на српскиот и хрватскиот пазар.

    "На концертот ќе ме следи оркестарот на Милан Завков со 15 луѓе и придружни вокали. Гостите ми се : Виолета Томовска, Зуица Лазова, ќерка ми Анастасија Петреска, Предраг Гојковиќ-Цуне, Нино Величковски и Јована Типшин, мојата соработничка на новото цеде, со која имам дуетска песна насловена "Скопје-Белград". Публиката ќе има можност да слушне песни од новото цеде, и моите хитови од почетокот на кариерата", вели Наум.