Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наместо слатката Шерил Кол, новиот член од жирито на американското музичко натпреварување х Фактор ќе биде сексипилната Никол Шензингер, некогашниот член на групата „Пусикет Долс“.
Таа веќе учествуваше во жирито на британската верзија на шоуто, па продуцентите сметаат дека одлично ќе се вклопи во новото опркужување.
Кога е во прашање Шерил, од една страна се зборува дека добила одказ, а други дека и недостасува Британија.
И недостасува домот, и и беше доста од се - изјави извор од продуцентската куќа.
Се погласно се шират гласините, дека се смирила со поранешниот маж, Ешли Кол, и дека поради тоа сака да се врати дома.
Се споменува дека Шерил би можела да добие ангажман во британската верзија од натрепварувањето, понуда која лично ја добила од Сајмон Ковел, но се тврди дека таа понуда таа нема да ја прифати.