Новогодишен концерт на градска музика
21.12.2010 09:56
| KumanovoNews
Оркестарот Градска музика „Илинден„ утревечер ќе одржи Новогодишен концерт во Младинскиот културен центар со почеток во 19.30 часот.

Диргент е Драган Грговски, а како гости ќе настапат ученици од музичкото училиште „Панче Пешев„. Предвидено е програмата да трае 2 часа. Традиционалниот концерт на градската музика се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината Куманово, како дел од новогодишната програма. Влезот е слободен.