Мени

Одлично издание на Урбан викенд

12.09.2011 10:11 | KumanovoNews

 Кумановските групи Cursed Heart, Out of Range и Phantasmagoria,настапија на годинешниов Урбан викенд што  во сабота се одржа на Градскиот кеј. Младите музичари направија одлична свирка и ја воодушевија публиката со својата креативност и професионалност.

Одлично издание на Урбан викенд

Трета година по ред градоначалникот и неговиот кабинет ја организира оваа манифестација,која полека но сигурно прераснува во своевидна традиција за младите неафирмирани бендови да добијат шанса и да го презентираат она што го сработиле. Оваа године како организатори сме задоволни од посетеноста и од квалитетот на учесниците, кои максимално професионално си ја одработија задачата, на моменти потсетуваа на вистински професионални бендови, а присутната публика знаешее да го препознае и награди со искрен аплауз- вели Мартин Костовски, портпарол на градоначалникот.

Тој вели дека локалната самоуправа ќе продолжи со организирање на слични манифестации, се со цел младите и талентирани музичари да добијат подршка за понатамошно усовршување и прикажување пред публиката.

Членовите на групите-учеснички се исто така задоволни од понуденото, и најавуваат дека допрва доаѓа нивното време за настапи  и освојување на публиката.