Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Популарниот српски водител и пејач Огнен Амиџиќ и неговата сопруга Милица Амиџиќ, директорка на ПР службата на „Телеком„ Србија, по четири години брак се разведуваат.
Тие деновиве веста ја откриле на новинарите, но рекле дека ќе останат во добри односи.
Донесовме одлука, договорно да се разведеме. Оваа одлука е заедничка, а причина е тоа што што со годините емотивно се одалечивме. Битно е дека се разделуваме во пријателски односи - навеле Милица и Огнен во заедничкото соопштение.
При тоа нагласиле дека освен соопштението нема да даваат други изјави за медиумите, ниту коментари за распадот на нивниот брак.