Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На фолк-пејачот Драган Којиќ-Кеба во четвртокот му било провалено во куќата на белградската населба Бежаниска коса. При тоа крадците му однеле сеф во кој имало скапоцени работи.
Како што пренесуваат српските медиуми, грабежот бил добро испланиран и изведен во периодот од две часот попладне до полниќ, во време кога никој не бил во куќата.
Кеба и неговото семејство цел ден не биле дома, а крадците најверојатно знаеле за целата ситуација и ја искористиле приликата да го земат сефот со највредните работи. Интересно дека крадците не однеле ништо друго од вилата, освен украдениот сеф.
Кеба на медиумите им ја потврдил кражабата, но во интерес на истрагата не изнел повеќе детали.