×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина Елизабет Тејлор

    23.03.2011 17:47 | KumanovoNews

    Легендарната актерка почина денеска во утринските часови. 79-годишната Тејлор своите последни денови од животот ги поминала во болница во Лос Анѓелес

     

    Почина Елизабет Тејлор

    Причината за смртта на филмската дива е, според првичните наводи конгестивен застој на срцето.

    На почетокот од овој месец Елизабет била примена во медицинскиот центар „Седарс-Синаи“ поради проблеми со работата на срцето, кој тогаш беше саниран, но актерката остана во болница на контрола се до денес наутро, кога нејзиното срце престанало да работи и починала. Тејлор имала проблеми со срцето уште од 2004 година.

    Поради хронични болки последните пет години ги поминала во инвалидска количка. Тејлор три пати го оперирала колкот и еднаш тумор на мозокот.

    Има преболено и рак на кожа и едно опасно воспаление на белите дробови, но на крај сепак и попушти срцето.

    Елизабет Тејлор во филмскиот свет важи како една од најдобрите актерки на сите времиња, благодарение на нејзините улоги во филмските класици „Клеопатра“ и „Мачка на вжештен лимен кров“. Два пати го освои Оскарот за улогите во филмовите: „Butterfield 8“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вуф?“.