Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На градскиот плоштад во Куманово, започна шестиот фестивал на дувачки оркестри „Рома Тумба фест Куманово 2011“. Синоќа настапија оркестрите од Србија „Демиран Ќеримовиќ“ од Врање, „Кристијан Азировиќ“, „Елвис Бајрамовиќ“ од Бојник и пеачките Благица Павловска и Андријана Ацевска.
Оваа година имаме исклучително богата програма со реномирани гости и задоволни сме од големиот број на посетители. Оваа вечер е со ревијален карактер, а утре ќе се натпреваруваат оркестрите „Агушеви Џамбо“ и „Млади Агушеви“ од Струмица, „Шампиони Филип“ од Радовиш, „Сергедин Дурмишев“ од Штип, „Илми Агушев“ и „Млади звезди“ од Струмица, изјави директорот на фестивалот, Самет Салиевски.
Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
Фестивалот секоја година е се поуспешен, бидејќи настапуват квалитетни дувачки оркестри од Македонија, но и од соседството. Локалната самоуправа дава целосна подршка и овој фестивал ќе стане бренд по кој е препознатлив градот - рече градоначалникот Дамјановски.
Манифестацијата е дел од програмата „Кумановско културно лето 2011“ и се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.