×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пресудата на Цеца правосилна

    08.06.2011 12:42 | KumanovoNews

     Вишиот суд во Белград ја донесе пресудата според која фолк пејачката Цеца Ражњатовиќ и нејзината сестра Лидија Оцоколиќ се осудени на една година, односно на шест месеци куќен затвор и милион и пол евра парична казна

    Пресудата на Цеца правосилна

    Издржувањето на казната би можело да почне веќе од утре. Пресудата е правосилна и извршна, бидејќи и сестрите и Обвинителството, со кои го склучија договорот, се одрекоа од правото на жалба.

    Цеца и сестра ќе носат електронска алка околу ногата, преку која Управата за извршување кривични санкции ќе го следи нивното движење.

    Според договорот, Ражњатовиќ призна дека противправно присвојувала пари од трансферот на десет фудбалери од ФК „Обилиќ“ во странски клубови и оти без дозвола држела 11 пиштоли, во замена за една година куќен затвор и милион и пол евра парична казна.