×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријавување за Рок-фест во Скопје

    01.03.2010 12:18 | KumanovoNews

    Конкурсот за пријавување на годинешното издание на Рок-фест, официјално e отворен и ќе трае до 28. март.

    Пријавување за Рок-фест во Скопје

    Сите заинтересирани млади групи, кои сакаат да се пријават за учество на фестивалот, треба да пратат пријава на имејлот [email protected].

    Во прилог на пријавата групите треба да испратат три песни во mp3 формат, кои ќе бидат исклучиво авторски, потоа име на групата, од кој град доаѓаат, стил на музика што ја свират, контакт телефон, како и интернет-страница, мајспејс или фејсбук-профил. По завршувањето на пријавниот рок, жирито ќе ги одбере годинешните учесници, кои ќе свират во натпреварувачките вечери на фестивалот.

    Годинава, Рок-фест, ќе има вкупно пет вечери, кои ќе се одржат на 9, 16, 17, 23 и 24 април. Традиционално тој ќе се случува во Младинскиот културен центар во Скопје, а како и секоја година, освен натпреварувачките вечери ќе има и една ревијална, на која ќе настапуваат групи кои биле победници или имале забележителен настап на оваа долгогодишна манифестација.