Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, чии родители немаат кралско потекло, се венчаа денеска во Лондон, во катедралната Вестминстерска Опатија, во присуство на кралицата Елизабета, целото кралско семејство, британскиот премиер Дејвид Камерон и педесетина шефови на држави и влади и монарси од целиот свет кои беа меѓу 1900 гости на свадбата.
Ова втора кралска свадба, по венчавката на Чарлс и Дијана во јули 1981 година, е примена во британската јавност со големо одобрување и поддршка. Повеќе од 600 илјада луѓе се собрани на улиците и парковите околу цркавата и Бакингамската Палата, од чиј балкон по традиција, младеците ќе ги поздраваат луѓето собрани на плоштдот Викторија. Кога бракот беше прогласен и младенците се појавија на вратата од Вестминстерската Опатија, илајдници луѓе со британски знаменциња и со конфети и воодушевни извици го праславија стапувањето во брак на идниот крал на Велика Британија и неговата избраничка.
Вилијам и Кејт, кои од денеска ги носат официјалните титули, војводата и војводката од Кембриџ, во отворена кралска кочија поминаа низ улиците во центарот на Лондон поздарвена од голема маса воодушевени граѓани, како и голем број странски гости.
Тие двајцата се мошне популарни во домашната јавност, која во повеќе анкети досега смета дека Вилијам, војводата од Кембриџ би требало да ја наследи краицата Елизабета. Таа минатата недела наполни 85 години, а следната година ќе одбележи 60 години како е на британскиот престол, што е само три години помалку од рекордните 63 години на тронот што ги има кралицата Викторија, пред да почине во 1901 година. Вилијам е популарен и во Канада, Нов Зеланд и Австралија, каде поради кралската свадва драстично е намален процентот на оние кои сакаат нивната земја, да стане и официјално република и да се оддели од британската круна.
Вилијам и Керт се на 29 годишна возраст. Заедно се веќе десет години, а девет години трае нивната врска. Од мината година беа официјално свршеници. (МИА)