Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гостите ќе организираат улични анимации, перформанси и креативни работилници, а ќе учат и зеднички ќе се дружат со младите од Куманово.
Во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ„ во Куманово пристигнаа 60 млади од повеќе европски држави во рамките на проектот за младинска размена преку програмата Младите во Акција што ќе учествуваат со свои изведби на Стрит-Фестивалот. Гостите ќе организираат улични анимации, перформанси и креативни работилници, а ќе учат и зеднички ќе се дружат со младите од Куманово.
Младинската размена оваа година е најуспешна затоа што има најмногу млади од странство за разлика од претходните две години.Се надевам дека ќе имаме успешна реалзиација на проектот и секако добра забава и дружење – вели Катерина Ѓорѓиевска, еден од организаторите на Стритс фестивалот.
Младите од Центарот за меѓукултурен дијалог се организатори на Стрит-фестивалот, кој трета година по ред се реализира на Градскиот Плоштад во Куаново. На програмата вечерва е закажан форум театар и фотографската изложба. Викендов, односно на 3 и 4 јули е централниот настан со учество на 10 музички бендови од Македонија и од странство.